Бизнис центар – Адинг дооел е основан од деловниот систем АДИНГ АД, Скопје на 04.03.1991 год. како негов прв профитен центар.
Основната дејност на Бизнис центар – Адинг е трговија на големо и мало.
Трговијата на големо се обавува преку комерцијалната служба, сместена во просториите на Деловниот центар – Адинг.
Продажбата на мало е преку малопродажниот салон – Продавница бр.1 која е исто така во состав на Деловниот центар – Адинг.
Структурата на производи која е застапена во продажната палета на Бизнис центар – Адинг е во најголем дел за потребите на градежништвото. Продажната палета ја формираат следните групи производи претставени преку фирмите производители:
- Адитиви за бетони и малтери од производителот АДИНГ АД
- Хидроизолации, китови, водонепропусни ленти од производителите АДИНГ, ТРН, Alchimika , БИМ Св. Николе, ТИМ ИЗОЛИРКА.
- Заштитни премази за бетон, челик и дрво од производителите АДИНГ, Прохема, Алкалоид, Крафт.
- Градежни лепила и смеси за израмнување од АДИНГ АД
- Декоративни фасадни и ентериерни премази од: АДИНГ, Алкалоид, ЈУБ.
- Дрвени кровни прозори од производителот VELUX.
- Производи од декоративен ПВЦ, подпрозорски первази, аголни подни лајсни, ѕидни декоративни панели, внатрешни и надворешни прозорски первази стрејна декоративна ламперија, - од производителот VOX.
- Електроматеријали од производителот Електро материјал.
- Градежна опрема и алат од Makita, Iskra, HITACHI, Dewalt, Black&Decker, Elektro maschinen, Beta, JET.
- Бетонски одводни канали и шахти од австрискиот производител GRASPOINTNER.
Покрај наведените материјали и фирми во продажната програма застапени се и други производи како: керамички плочки, граѓа, керамички блокови и керамиди, термички и звучни изолации, ГЕО текстил и други видови на фолии за потребите на градежништвото, санитарна арматура и арматура, моторни масла и друго.
Адреса : ул.Кузман Шапкарев бр.5 1060 Скопје
Веб страна : www.bc-a.com.mk
Општа електронска адреса : info@bc-a.com.mk
Тел/факс: (389) 2 2035 149







